ВИДЕО: Ќе се исфрла мазутот за греење од јавните институции

Од:

Доволно е да се отвори веб-страницата на јавни набавки за да се види дека голем број болници се греат на мазут, со што се предизвикува тешко загадување на воздухот. Алармот најсилно се приклучи кога пред неколку дена се појавија снимки од Гинеколошката болница во Чаир, каде што се гледаше како од оџаците излегува црн чад.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека ако болницата не престане да се грее на мазут во рок од 30 дена, истата ќе биде затворена, а денеска министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе почнат тендерски постапки за болницата во Чаир и болниците во Куманово и Струмица, со цел тие да се приклучат на системот за гасификација.

На системот за јавни набавки може да се види дека во последнава годинава и Клиничката болница во Битола нарачувала мазут за греење, понатаму Студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, Општата болница во Куманово, болницата во Прилеп, Градската болница „8 септември“, болницата во Гевгелија и многу други јавни установи.

„Бидејќи повеќе јавни установи користат мазут за затоплување, тоа е приоритет во Планот за чист воздух. Затоа, веќе идната недела го потпишуваме договорот со БЕГ за замена на мазутот во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и една градинка во општина Центар и тие се првите установи каде ќе биде извршена замена. За жал, премногу пари државата троши за мазут и ова не е само еколошка акција туку и заштеда на буџетот“, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната посета на Гинеколошката болница во Чаир.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека проектот за гасификација, кој бил изготвен минатата година, влегол во планот за јавни набавки и дека по распишувањето на тендерските постапки, Гинеколошката болница во Чаир, како и болниците во Куманово и Струмица ќе можат да се приклучат кон мрежата за гас и на тој начин да се греат. Филипче не знаеше да даде дециден рок кога ќе се случи ова.

„Може да поминат недели или месеци, како што пропишуваат законите“, рече тој.

На денешната заедничка прес-конференција, присутен беше и претставник од компанијата „Блу ер“ кој донираше прочистувачи за воздух од 10 илјади евра за здравствениот објект во Чаир.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Филипче: Мицкоски беше турист во Давос

А1он