Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платофрмата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот.

„Па ја погребаа партијата за малку. На издишување беше. Па ние сите во изминативе две години тешко работиме, консолидираме и они сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Па кој е наивен? А ако сакаат да се вклучат, сега ги имаме изборите во Брвеница. Ќе ги ставиме во распоредот, па нека помогнат, ако сакаат вистински да ѝ помогнат на партијата. Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги изгазам како шлепер жаба, да ги потсетам нешто од нивното време“, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче нагласи дека својата работа во партијата ја извршува со истата посветеност и сериозност со која работел и како лекар и како министер за здравство.

„Имаат работа со Венко Филипче, којшто сè што работи, работи професионално, посветено, многу сериозно, како што го работиме овде, и најдобро што можам. Исто како што сум работел и на Клиниката за неврохирургија и во Министерството за здравство, така и тука, и да знаете дека ќе победиме. Ќе победи нашата политика, затоа што сме на исправната страна“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски