Десет кривични пријави против дрвокрадците кои претепаа полицијаци

Од:

Денеска битолската полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, а во врска со инцидентот завчера кога дрвокрадци претепаа полициски припадници.

Во пријавата се вели дека на 24-ти месецов, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, а едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени.

„Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило. Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле. Повредениот Д.Ц. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а четири полициски службеници се со телесни повреди“, велат од МВР.

Десетте пријавени лица се приведени и предадени на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски