Дерковски: Очекуваме да се распишат изборите

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) очекува да се распишат изборите за предвремените парламентарни избори најавени за 12 април.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во изјава за МИА, истакна дека тие се подготвени да ја одржат првата седница ако во недела се распушти Собранието.

“ДИК очекува да се распишат изборите онака како што е најавено и онака како што сите знаеме и дека од тоа причини презеде определени мерки или дејствија во изминативе денови за да се организира на време, веднаш по распишувањето да ја одржиме првата седница и да ги донесеме потребните акти”, изјави Деркоски.

Попладнево во ДИК се одржа јавната седница на која се разгледаа петте барањaта на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Во оваа прилика ДИК одлучи дека тие како институција не се надлежни да одлучуваат за поединечни акти што не се однесуваат на правни финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите.

На кратката дискусија за овие точки зборуваа и членовите на ДИК, Елизабета Постоловска и Јанаќе Витановски.

Тие сметаат дека надлежностите на ДИК се утврдени со член 48 од Законот за влада, во кој тие изречно ја црпат нивната надлежност.

“Ние немаме надлежност да ја цениме законитоста на содржината на самите донесени акти од страна на министерот.

Начинот на работа на секое министерство поединечно е уредено во посебни материјални закони за кое ДИК не е надлежно да постапува и носи одлуки. Согласно на наведеното сметам дека ова решение, не е и не може да биде акт што се однесува на организација на изборите”, рече Постоловска.

Според Витановски Државната изборна комисија нема надлежноста да ја цени законитоста и содржината на конкретните акти на регулирањето на посебните права и обврски, начинот на работењето на самите министерства поединечно и надлежностите на министерот и на заменик министерот, државниот секретар.

Апелира до сите министери, дополнителни заменици министери, заменици министри, да го почитуваат Законот за влада и да не праќаат беспредметни барања до ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието