Дерковски: ДИК е подготвена да спроведе избори и со отворени листи

Од:

Државната изборна комисија е подготвена да спроведе парламентарни избори по било кој модел за кој би бил постигнат договор меѓу политичките партии, вклучително и за модел со отворени изборни листи, изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Ние, додаде тој, како институција сме подготвени. Функционираме континуирано и подготвени сме да го спроведеме она што ќе го договорат политичките партии.

Во врска со тоа кој изборен модел, според него, би бил најдобар, Дерковски истакна дека неговото мислење во суштина и не е релевантно, бидејќи тоа е договор на политичките партии.

Претседателот на ДИК потенцира и дека Избирачкиот список е во ред и оти во него нема т.н. фантомски гласачи.

– Тоа е материја што постојано и континуирано се чисти, прочистува и обработува. Како што ги добиваме податоците од МВР на квартално ниво, така ги обработуваме. Се разбира дека во список во кој има над 1,8 милиони избирачи ќе може да се најде некоја недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка. Ние постојано работиме и во овој момент кога е празен период и нема избори работиме на прочистување на Избирачкиот список, рече Дерковски, одговарајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост

Претседателот на ДИК истакна и дека институција задолжена за спроведување на изборите доставиле и определени предлози согласно претходните препораки на ОБСЕ и ОДИХР за техничко подобрување на изборниот процес.

– Како тоа ќе се одвива понатаму ќе видиме, бидејќи и тоа зависи од договорот на политичките партии, рече Дерковски.

Во врска со гласањето на дијаспората, претседателот на ДИК, вели дека како Комисија би сакале да има промени, но во рамки на овозможување нови начини за гласање, за, како што вели, да се заштедат финансиски средства.

Би можело да ве интересира

Одзивот на гласачите до 11 часот е 12,78 проценти

Катерина Ѓуровски

70 илјади гласачи излегле на изборите до 9 часот, најмал процент во Пласница

Катерина Ѓуровски

Излезноста до 9 часот е 3,85 отсто, нема проблеми во гласањето информираше ДИК

Катерина Ѓуровски

Упатство за гласање на претседателските избори

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа

Упатство за гласање на претседателските избори