А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Деркоски: Не планирам да свикам седница на ДИК без решение за нов датум за избори од претседателот на Собранието

by А1он14/06/2020 - 16:3714/06/2020 - 16:37730
Share0

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски смета дека нема причина за закажување на седница на ДИК заради фактот, што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието Талат Џафери да донесе решение со нов датум за избори.

Следете a1on на Instagram Instagram

За МИА вели дека ниту кажал дека денеска ќе свика седница, ниту, пак, планира да го направи тоа додека не добие решение од претседателот на Собранието.

-Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Од денеска сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Четворицата членови на ДИК од СДСМ и БЕСА ми пуштија пред два часа барање за свикување на седница. Согласно деловникот имаат право да побараат, меѓутоа во барањето се повикуваат на уредбите, а според мене и според многумина во државата и експертска и друга јавност и Уставниот суд уредбите важат само додека трае вонредната состојба. Немам рок за одговор, но ќе им одговорам дали ќе закажам или не седница. Им оставам сами да одлучат како ќе постапуваат, а јас нема да учествувам во незаконити дејствија, изјави Деркоски за МИА.

За да ДИК работи легитимно и легално, нагласи, и треба решение од претседателот на Собрание кое е првиот основен столб во Изборниот законик како се организираат избори.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Претседателот на Собрението со решение го закажува датумот кога и да е, тоа мене не ме интересира кога ќе биде, битно е да има решение врз основа на кое ние после тоа планираме рокови и го носиме роковникот за избори. Без тој прв чекор не може да се организираат избори. Вториот основен чекор во Изборниот законик е избирачкиот список без кој, исто така, ако не е заклучен, потврден, прочистен комплетно согласно Методологијата за избирачки список донесена во февруари 2016 година од претходната ДИК не може да се зборува дека одите на легитимни избори, потенцира Дерковски.


Членот на ДИК Борис Кондарко за МИА потврди дека доставиле барање за одржување седница на ДИК и посочи дека ставот на претседателот на ДИК Деркоски е негово лично толкување на законот.

-Ние во ДИК не сме Уставен суд и мораме да го применуваме законот, а не да судиме дали нешто важи или не важи. Тоа не е наша работа. Тоа е личен став на Деркоски, рече Кондарко за МИА.

Прашан дали може да одржат седница без претседателот Деркоски, Кондарко посочи дека според деловникот не можат, затоа што единствено претседателот свикува и раководи со седницата.

-Ние дадовме иницијатива да се свика седница со мнозинство членови, а тој е должен да ја свика. Ние не можеме сами да се свикаме во отсуство на претседателот тоа може да го направи само потпретседателот. Член на ДИК не можа да свика ни да раководи со седница, ниту да предложи дневен ред. Претседателот има рок да одговори на иницијативата за свикување на седница зашто има Уредба по која ден по завршување на вонредната состојба ДИК мора да донесе ревидиран роковник за да продолжат изборните дејствија. Рокот произлегува од тоа, потенцира Кондарко.

Прашан за следните чекори што планират да ги преземат четворицата членови на ДИК кои покренаа иницијатива за свикување седница, Кондарко посочи дека постапиле согласно правата и можностите што им ги дава законот и деловникот.

-Останатото е на претседателот кој ги има овластувањата за негово постапување, нагласи Кондарко.

Засега нема одговор од претседателот на Собранието Џафери дали ќе потпише ново решени за избори. Тој се уште не се изјаснува.

dikizbori 2020

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 14:0319/10/2026 - 14:19

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 16:2118/10/2026 - 19:21

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

Горан Наумовски18/10/2026 - 10:36

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Горан Наумовски17/10/2026 - 18:06

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 12:1429/09/2026 - 12:26

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Горан Наумовски24/03/2026 - 10:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео