Во рамки на одбележувањето на денови на Мајка Тереза денеска во Скопје ќе биде отворена изложбата на фотографии од животот и делото на Мајка Тереза насловена „Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за Света Мајка Тереза“.
На отворање на изложбата е најавено присуство и обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Во рамките на изложбата поставени ќе бидат поголем број документи и фотографии од животот и делото на Светата Мајка Тереза, како и единствениот заверен дупликат од Дипломата за добивање на нобелова награда за мир.
Во рамки на одбележување ќе се одржи настап на ученици на ПОУ „Илинден“, а предвидено е министерот Јолевски да засади и дрво на животот.