А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Денови на кочанскиот ориз“ по 25-ти пат

by А1он06/10/2016 - 12:03109
Share0

Општина Кочани ја соопшти програмата за годинешната Меѓународна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе се одржи од 13 до 16 октомври на неколку локации во градот и со богата културно-уметничка програма и презентација на кочанскиот ориз низ специјалитети.

Следете a1on на Instagram Instagram

– По 25 пат сме организатори на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ манифестација која стана бренд за Кочани. И годинава иако во само четири дена, програмата ќе биде богата и разновидна. Покрај традиционалните наши гости фолклорни ансамбли од Бугарија, Турција, Украина и Словенија, годинава првпат ја прошируваме соработката со општина Пореч од Република Хрватска. Како гости од оваа општина ќе настапат групата Teddy Lion и Tеатарот на заедницата на Италија во Република Хрватска со преставата „La nostra Parensa“ во режија на Вилма Пулин Сиротиќ, изјави денеска градоначалникот Ратко Димитровски, соопштувајки ја програмата на манифестацијата.

Во рамки на „Деновите на кочанскиот ориз“ ќе се одржи и меѓународна ликовна колонија „Св.Пантелејмон“,како и фолклорен концерт со настап на домашни и странски фолклорни групи.Ликовните уметници од Пореч ќе се престават со групна изложба во ликовниот салон на центарот за култура „Бели мугри“, а пред кочанци ќе настапи и групата Љубојна и Џамбо Агушев.

Инаку, традиционалната жетва на ориз со срш и вршидба на оризова арпа на гумно годинава ќе биде демонстрирана на полињата од Институтот за ориз во Кочани, а ќе биде прогласен и најдобриот индивидуален земјоделец во општината за кого општина Кочани обезбеди награда од 80 илјади денари. За посетителите во недела на 16 октомври во градскиот парк ќе биде организирана дегустација на јадења и специјалитети мод ориз и со ориз.

Следете a1on на Youtube YouTube
kocani

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:1726/05/2026 - 14:24

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ20/05/2026 - 17:2620/05/2026 - 17:26

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:31

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 10:35

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:20

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто