Денот на просветителите Кирил и Методиј одбележан во Нитра

Од:

Дипломатскиот кор во Словачка го посети градот Нитра, некогашен центар на Великоморавското царство, каде што светите Кирил и Методиј, повикани од кнезот Растислав, ја  реализирале дипломатско-црковната мисија иницирајќи служење на светите литургии на старословенски јазик.

Годинашната дипломатска екскурзија организирана од Министерството за европски и меѓународни работи на Словачка се совпадна со Денот на светите Кирил и Методиј. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Словачка Ѓорѓи Филипов.

– Во катедралата „Св. Емерам“, првата христијанска црква во Централна и источна Европа,  за значењето на градот и регионот Нитра говореше градоначалникот Јосеф Двонч. Тој потсети на зборовите на папата Јован Павле Втори, кој во 1995 ја посети Нитра, велејќи дека веднаш по доаѓањето на Кирил и Методиј тука била основана  првата диоцеза меѓу словенските народи. Папата тогаш рекол дека тоа е подарок што никогаш не смее да се заборави, соопшти Амбасадата на Македонија.

Заменик-премиерот и МНР  на Словачка Мирослав Лајчак им се обрати на дипломатите и нагласи дека Нитра е еден од осумте региони на Словачка, кој со неговото историско, црковно и образовно значење претставува центар од каде се распространило христијанството и писменоста меѓу словенските народи.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска