Денеска свежо и врнежливо време

Од:

Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје облачно, свежо и врнежливо, повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Од УХМР информираат дека на некои места се можни и поројни врнежи и со над 30 литри дожд на метар кавдартен. Претстојнава ноќ облачноста ќе се намали и од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. Утринските температури за време на викендот ќе бидат над нулата, а потоа само понекаде ќе се спуштаат и до некој степен под нулата.

Би можело да ве интересира

Претпладне дожд, попладне снег

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Денеска облачно со дожд и јужен ветер

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре