Денеска попладне пороен дожд

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Особено поголема нестабилност би требало да има во северните делови на земјава каде ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје попладне ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во наредните денови не се очекува позначителна промена на временската состојба. Ќе продолжи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во попладневните часови со пороен дожд и со грмежи.

Кон средината на неделата интензитетот на врнежите ќе се намалува, а ќе има и повеќе сончеви периоди. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска

Денеска попладне пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла по котлините, а попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, посебно во северниот дел на земјата.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13 степени, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и слаба магла претпладне, а попладне и кон крајот на денот ќе има краткотраен пороен дожд. Температура ќе достигне до 24 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска