Денеска е Свети Трифун, чувар на лозјата и гостилниците

Од:

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1. февруари.

Денеска е Св. маченик Трифун.

Се родил околу 225 година во селото Комсада, во римската ма­лоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љу­бов кон Бога.

Кога во 249 година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети Трифун дошла и до тогашниот упра­вник на источните римски земји Аквилијан.

Тој под стража го довел свети Трифун во Никеја, седиштето на источната власт. Изведен пред суд, свети Трифун не се откажал од Христа и по долго измачување пострадал маченички.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска