Денеска е Св. пророк Михеј

Од:

По род бил од Јудиното племе, од селото Мориси. Современик е на пророците Исаија, Амос и Осија (осмиот-седмиот век).

Ги разобличувал пороците на својот народ, лажните пророци, ја претскажал пропаста на Самарија, како и на Ерусалим, за кој вели дека ќе пропадне зашто неговите старешини земаат мито, свештениците учат за плата, а неговите пророци гатаат за пари.

Од сите пророштва најважно му е пророштвото за местото каде што ќе се роди Месијата, во кое вели: А ти, Витлееме, по ништо не си помал од Јудините кнежевства; од тебе ќе излезе оној кој ќе владее со Израилот и чие потекло е од оној крај на времето, од вечните денови. Не се познати околностите во кои го завршил животот. Неговите мошти се пронајдени во времето на цар Теодосиј Велики, според откровението што му беше даде­но на Елевтерополскиот епископ Зевин.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска