Денеска е Св.маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Од:

Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жртвуваат за него се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маченички: Вера, Нада и Љубов. Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и додека бил жив нејзиниот сопруг и подоцна кога останала вдовица живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со смиреност на душата, со покорност на Божјата волја. Во тој дух и ги воспитувала своите три ќерки кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов.

Набргу по раѓањето на третата ќерка Софија останала вдовица. Се посветила на своите ќерки со цел да ги порасне и да ги воспита во духот на христијанската вера. Заедно ги читале и препрочитувале пророчките и апостолските книги. Но тој начин на живеење на ова семејство не останал без впечаток на околината. Најпрвин управителот на областа Антиох се уверил дека целото семејство исповедува христијанска вера, а потоа тоа му го соопштил на императорот Адријан, голем противник на христијанството и прогонувач на христијаните. Императорот ги повикал мајката и трите ќерки за да се увери во тоа што го слушнал. Но тие не само што не се исплашиле од таа покана туку со задоволство тргнале кон злогласниот владетел кому мудрата мајка му соопштила:

-Јас сум христијанка! Тоа е скапоцено име со кое можам да се пофалам. Со тоа име се фалат и моите три ќерки.

Императорот бил изненаден од решителната изјава на мајката, но не сакал веднаш да донесе пресуда за нивно казнување, надевајќи се дека ќе ги придобие.

По три дена императорот повторно ги повикал на суд и на трите девојки им понудил да ги нарече свои деца, да им даде големо богатство, раскошен и удобен живот, само да се откажат од својата вера и да им се поклонат на боговите владетели на вселената. Во спротивно им се заканил со жестока смрт.

На тоа трите девојки без страв, а со голема решителност во еден глас му одговориле:

-Нашиот татко е Богот што живее на небото. Тој се грижи за нас и ние сакаме да бидеме почитувани од Него. Сакаме да бидеме негови вистински деца. Ние само нему му се поклонуваме и ги почитуваме неговите заповеди, а ги презираме твоите богови. Не се плашиме од твоите закани зашто сме подготвени да ги истрпиме големите страдања во името на Исус Христос, нашиот Бог.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска