Денеска е Рождество Христово – Божик

Од:

Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам.

За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи.

Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем.

Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т.е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата.

Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска