Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јануари.
Двајцата се родум од Македонија. Словени по потекло. Првиот бил од село Осиче, паланечко, а вториот од областа Овче Поле. Живееле во 11 и 12 век. Двајцата биле монаси пустиножители.
Свети Гаврил се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт.
Свети Прохор, пак, се подвизувал 35 години во една пештера близу денешниот манастир посветен на неговото име.