Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната темпертура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје сончево со умерена променлива облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната темпертура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 23 степени, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.
До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. В сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни. Од недела ќе почне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.