Денес е Св. великомаченица Анасатасија

Од:

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето.

А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род.

Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска