Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Од:

Вонреден инспекциски надзор има денеска во болницата во Кавадарци, а формирана е и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете. Ова денеска го соопштија од болницата, во врска со реакциите на родителите кои побараа испитување на евентуална лекарска грешка во случајот.

Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, испрати соопштение во кое, како што пишува дека „со огромна тага и жал известува дека едно дете на тригодишна возраст кое било прегледано во оваа установа, починало на пат кон Скопје, каде било упатено за понатамошна здравствена грижа“.

– Изразуваме искрено сочувство до семејството. Согласно со законската процедура известен е надлежен јавен обвинител, издадена е наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци стои на располагање и ќе дадеме целосна поддршка на сите органи што се надлежни за постапување во овој случај, се вели во соопштението.

Како институција, од нивна страна веднаш била формирана внатрешна комисија, што, како што соопштуваат, ќе ги разгледа сите околности поврзани со случајот.

– Дополнително, денеска во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци има вонреден инспекциски надзор од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат, информираат од установата.

Во наредниот период, формираната комисија, после преземените дејствија, ке излегла со посебен извештај поврзан со случајот, после што навремено и транспарентно ке била информирана и јавноста.

– Ја уверуваме јавноста дека безбедноста и здравјето на пациентите како и транспарентноста во работењето се наш врвен приоритет, се вели во соопштението, потпишано од в.д. директорката, спец. д-р Гордана Камчева.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Насилници од Кавадарци претепаа брачен пар, па им го демолираа и домот

Горан Наумовски

Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што биле застанати на црвено

Горан Наумовски

„Камен“ пијан кавадарчанец возел „застава 101“ и учествувал во сообраќајка

Горан Наумовски

Момче од Кавадарци е осомничено за вонбрачен живот со малолетничка

Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси