Ден на словенските просветители Свети Кирил и Методиј

Од:

Македонија денеска го слави Денот на словенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.
Македонска делегација предводена од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе присуствува на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Со службата ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Делагацијата ќе биде примена од папата Франциско. Претседателот на Собранието Вељаноски и собраниската делегација ќе се сретнат со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчисио Бертоне.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим за прв пат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година, на 24. .ај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

24 Мај од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.

Свети Кирил и Методиј биле македонски браќа родени во Солун во деветиот век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска