Ден на сесловенските просветители

Од:

Денеска се чествува Денот на сесловеснките просветители, светите Кирил и Методиј.

Родени се во Солун во IX век. Постариот Методиј, како офицер минал десет години меѓу Словените (македонски), и така го научил словеснкиот јазик. По враќањето во Грција, се замонашил, а веднаш му се придружил и помладиот Кирил.

Кога царот Каган, од царот Михаил барал проповедници на христијанството, царот му ги пратил браќата Кирил и Методиј, кои многу народи ги преобратија во христијани.

По враќањето во Цариград, ја составиле словенската азбука со 38 букви и почнале да преведуваат книги од грчки на словенски.

На повик од кнезот Растислав, заминале и во Моравија го ширеле христијанството.

На повик на папата дошле и во Рим, каде Кирил се разболел и починал во 869-тта година.

Методиј продолжил со проповедање на христијанството, се до смртта во 885-та година.Неговото дело го продолжија неговите ученици предводени од Свети Климент. Го минале Дунав, и стгнале во Македонија, во Охрид, каде го продолжиле делото на светите Кирил и Методиј.

За животот и делото на Кирил и Методиј има огромна библиографија, напишани се над 10.000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име. Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска