Ден Дончев: Нема казнувања на малите фирми – ќе го уништиме големиот криминал кој секогаш е во врхушката на власта

Од:

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија, со мобилниот тим по Министерството за надворешни работи, имаа средби со граѓани и пред зградата на Управата за јавни приходи.

Кампањата на Коалицијата ВМРО за Македонија со мобилниот тим ја започнавме пред Дебар Маало кадешто испративме јасна порака дека еднаш и засегкогаш ќе ставиме крај на урбаната мафија и ќе водиме грижа за потребите на обичниот граѓанин во Република Македонија, истакна Ден Дончев. Тие цели се центар на нашата Програма. Денес сме пред Управата за јавни приходи, главниот камшик на оваа ненародна власт. Главен камшик бидејќи изминативе десет години на конто на глоби и казни се прибирани над пет милиони евра годишно.Имаме парадоксална ситуација каде што преку притисоци, казни и закани се уништуваат малите фирми чии сопственици се борат за преживување – парче леб и егзистенција на своите семејства, а се гледа низ прсти на огромниот криминал како што слушнавме преку таканаречените бомби и вистината за Македонија. ВМРО за Македонија сака да ве увери дека ќе гледа низ прсти на пропусти и грешки на малите фирми, кадешто секако, ќе има предупредувања но не и казнувања и уништувања на мали фирми, но затоа ќе го уништиме големиот криминал кој секогаш е во врхушката на власта.

Имам и порака за сметководителите, ревизорите и финансиските консултатни, како поранешен член на фелата. Ве има над 12.000 низ цела Македонија и имате извонредно значајна функција во микро економијата, водејќи ги и помагајќи ги малите и средни фирми. Но, иако имате извонредно значајна функција во пазарната економија, оваа власт ве потценени, ве уцени, не ви дозволи право на самоорганизирате. Тоа еднаш за секогаш мора да се промени и јас, како поранешен ревизор и консултант, кој знае колку се значајни вистински слободни и независни асоцијации на сметководители и консултати, ќе ги искористам сите расоложливи средства конечно да имате право на самоорганизирање, рече Ден Дончев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Снимките за Мицкоски ги пушта некој од присутните на состанокот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Распитот на Ден Дончев, стандарно полициско постапување

Ана Ололовска

На Јутјуб објавени уште две аудиоснимки за Ден Дончев

А1он

Ден Дончев: Не сум уапсен

Кристијан Ландов

Владата ја прифати оставката од директорот на ФЗО, Ден Дончев

Кристијан Ландов

Директорот на ФЗО поднесе оставка: Имав намера ова да го направам и порано

Кристијан Ландов