Ден Дончев: Не сум уапсен

Од:

Ексдиректорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, демантира дека бил уапсен и спроведен во полициска станица, како што објавија повеќе портали. Дончев во изјава за „А1он“ вели дека тој е со семејството, а најави и тужби за порталите, кои како што вели, рашириле лажна вест.

„Јас сум со семејството, не сум уапсен. Доколку порталите кои објавија дека сум апсен не ги избришат објавите, ќе преземам правни дејствија за моја заштита“, вели Дончев за „А1он“.

Дончев бил повикан само на разговор во полициската станица кој траел помалку од половина час. Неофицијално, откако било констатирано дека нема докази против него, тој заминал.

„Д.Д. беше поканет со покана за разговор во ПС Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си заминал“, велат од МВР за „А1он“

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека МВР постапувало самостојно, а доколку има елементи за сторено кривично дело, тогаш ќе треба да се достави поднесок до нив.

„МВР во рамките на своите надлежности презема самостојно дејствија, лицето било повикано да даде исказ по последните снимки што беа објавени во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството по кој ќе преземеме понатамошни дејствија за расветлување на случајот“, велат од Обвинителство за „А1он“.

Инаку, попладнево, повеќе портали објавија вест со наслов „Ексклузивно: Приведен Ден Дончев – на распит во полиција“, во која тврдеа дека е приведен поради објавата на аудио и видео разговорите на „Јутуб“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Снимките за Мицкоски ги пушта некој од присутните на состанокот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Распитот на Ден Дончев, стандарно полициско постапување

Ана Ололовска

На Јутјуб објавени уште две аудиоснимки за Ден Дончев

А1он

Владата ја прифати оставката од директорот на ФЗО, Ден Дончев

Кристијан Ландов

Директорот на ФЗО поднесе оставка: Имав намера ова да го направам и порано

Кристијан Ландов

Електронски рецепти за хронично болните, нема потреба да се оди на лекар

Мери Јордановска