Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот Магнолија

Од:

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри, стои во соопштението од општината.

„Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетили. Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани“, додаваат од општина Битола во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

Демант од Општина Битола: Не е направена измама, платен е само транспортот на асфалтот

Орце Костов

(ВИДЕО) Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема

Орце Костов

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски

И Битола и Транспорт се прогласија ненадлежни за споменикот на Евреите, донацијата стои во двор    

Маја Илиевска-Пачемска

Општина Битола: Спогодбено раскинати договорите со превозниците за општински превоз и превоз на ученици

Наум Локоски