Демонстрантите фрлија неколку камења кон полицијата, која ги блокираше во нивниот обид да се приближат кон Судската палата. Демонстрантите се повлекуваат назад накај Бит Пазар, а пред полицискиот кордон се наоѓаат околу 40-тина луѓе.
Големото полициско обезбедување ги спречи илјадниците демонстранти да се приближат кон судовите и ги потиснаа да се вратат назад.
Инаку, на протестите демонстрантите извикуваат „Хитлер“ и носат транспаренти со Милошевиќ, Ахмети и Груевски.