„Демократскиот сојуз на 5 октомври 2016 година, до Собранието на РМ, достави предлог закони со кои се предлага создавање на законски можности, рокот за поднесување на обвиненија од страна на СЈО да се продолжи, како и обезбедување на услови за користење на заштитени сведоци од страна на СЈО во кривични постапки.
Согласно деловникот за работа на Парламентот, нема никакви пречки законите да бидат ставени на разгледување и нивно донесување.
Со промените, Парламентот ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и соочување со правдата на сите оние кои ги кршеле законите и се стекнале со капитал на криминален начин“, соопштуваат од ДС.