Демократски сојуз: Бехтел и Енка за раскрчмување на народни пари

Од:

Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над 20 милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот БЕХТЕЛ И ЕНКА, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра, како и предвидените над 300 милиони евра за експропријација на земјата каде ќе поминуваат трасите на коридорите (патиштата).

– Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата. Воедно, предлагаме Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа. На испит се и државните институции (МВР, АНБ, УЈП итн), како и Јавното обвинителство, бидејќи имаат законски надлежности и обврски да ги проверат и истражат можните криминални активности на високи функционери инволвирани во овие сомнителни активности се наведува во соопштенито од Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара ограничен мандат за судиите и посебен закон за борба против високата корупција

Демократски Сојуз: Бегството на Михаилова бара итна истрага и одговорност

Горан Наумовски

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Коридорот 8 е стратешки приоритет, годинава стартуваат градежните работи

Горан Наумовски