Некои медиуми веќе неколку дена започнаа оркестрирана кампања против законот за амнестија. Тие медиуми ги нарекуваат “провладини” но јас не можам да поверувам дека е така од проста причина што напаѓајќи ја амнестијата која во суштина е простување, тие се против еден од најважните и најголеми христијански принципи, простување, прочка.
А тука има една противречност, партијата на власт е демохристијанска, а последната амнестија во Македонија пред 15 години беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а имам информации дека пред година дена партијата на власт сакала да изгласа амнестија но не успела да се договори со коалициониот партнер кој бил за простување на 50 % на казната а тие биле за 35 %. Логичен заклучок е дека овие медиуми се против демохристијански принцип што не ме чуди затоа што нивните газди беа комунистички директори кои станаа милионери, а најсмешно е кога тие медиуми трубат за криминална приватизација и дека СДСМ логистички помогнала за собирање потписи за законот кога ВМРО-ДПМНЕ беше за амнестија и идеолошки треба да е за амнестија која редовно се прогласува во развиени, христијански држави.
Како заклучок: или овие медиуми станаа против владини (не е неочекувано, памтеме кога беа против ВМРО ДПМНЕ) или партијата на власт се служи со христијанството за да го замаглува својот комунистички – безбожен карактер! Јас друга причина за ова кампања против законот не гледам!
Мери Николова