Демистификација на спиновите на Големиот Ушко

Од:

Спин бр. 1: Опозицијата сакала без програма и проекти да ја преземе власта.

Тоа не е точно зашто досега никој од опозицијата не застапува такво нешто. Лидерот на најголемата опозициска партија презентира снимки од прислушкувани материјали кои укажуваат дека десеттина владини функционери и високи партиски членови ја држат во заложништво цела држава и ги ставиле под целосна контролира нејзините институции

Бидејки постојат сериозни индиции дека тоа е точно, опозицијата побара да се расчисти оваа афера и да се дојде до фаза во која ќе се организираат предвремени избори.

Тогаш, кога ќе почне предизборната кампања, можеме да зборуваме дали опозицијата има проекти и програма или нема.

Спин бр. 2: Ако имало техничка, преодна или експертска влада ќе запрел животот во Македонија: ќе немало пензии, ќе немало бањи, ќе немало субвенции, ќе немало К-15, ќе немало социјални трансфери, ќе запреле побарувањата од владата…

Тоа не може да го запре преодната влада. Таа ќе биде преодна и привремена за да се премине периодот додека не се расчисти аферата со прислушкување во сите нејзини аспекти – правни и политички. И додека не се распишат нови избори.

Инаку, да, може да запрат гореспоменатите работи бидејки целиот административен апарат е партизиран до апсурдни граници и партиските човечиња, доколку не им дојде умот, можат да ги блокираат општествените процеси. Токму затоа е неопходна таа привремена администрација која ќе го контролира и тој процес.

Да имавме професионална, непартизирана администрација, ова прашање ќе беше беспредметно.

Спин бр. 3: Преодната влада немала мандат од народот, немала легитимитет…

Тоа никој не го бара, ниту некој го очекува од неа. Таа има привремен, технички, а не политички мандат. Со таков, технички мандат, таа влада треба да обезбеди амбиент да бидат правно разрешени сите кривични дела и да организира нови избори на кои за легитимитетот ќе се борат сите политички партии што ќе се канидираат.

Спин бр. 4: Презентираните снимени раговори биле само „вербален деликт“ што и да значи тоа

Тоа не може да го тврдат тие што се уловени во снимките. Тоа треба да го оцени независната истрага која нема да ја предводи актуелниот Јавен обвинител бидејки, според снимките, и тој е компромитиран.

Спин бр. 5: Обелоденетите снимки од прислушкувањето биле креирани, монтирани од различни разговори

Овој спин не треба многу да се образложува зашто една таква операција на кроење, монтирање и креирање е, едноставно невозможно да се направи за да се „создадат“ толку технички автентични и совршени снимки. Всушност, да почекаме и да им дозволиме на независните истражителите и форензичари да дадат оценка за тоа.

Спин бр 6: Не била важна содржината од прислушкуваните материјали, туку кој прислушкувал

Не е така. Важно е и едното и другото. За содржината веќе се изјасни Сесил Пуили, портпаролката на Високиот комесар за човекови права на ОН, изрази длабока загриженост за „натамошниот политички ќорсокак во Македонија и импликациите од него по човековите права“.

„Особено не` тревожи содржината на неодамна објавените снимени разговори коишто навидум инкриминираат виши официјални лица во бројни наводни кршења на човековите права, меѓу што и изборна измама, притисоци врз граѓанското оптество и членови на опозицијата, мешање во судството и масовните медиуми, како и масовно прислушување. Загрижени сме и за обвинението за шпионажа против водачот на најголемата опозициска партија“, наведува Пуили.

Спин бр. 7: Опозицијата го урнисала угледот на Република Македонија

Угледот на Република Македонија го урнисаа тие што го нарачале и оранизирале масовното прислушкување. Тие што, како што укажуваат снимките, ја приватизираа државата во сите нејзини структури.

П.С.

И уште едeн голем спин: Гоце Делчев бил мртов. Неее, не е мртов… Ве лажат комунистите…

 

Зоран Бојаровски

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски