Демири: Немам ништо со средбата на Пленумот со Груевски

Од:

Мариглен Демири, член на Студентски Пленум, се оградува од средбата на Пленумци со премиерот Груевски. Тој на својот Фејсбук профил пишува:

„Јас, Мариглен Демири, како член на Студентски Пленум, одговорно тврдам дека немам ништо со денешната средба со Груевски, лично сметам дека со Груевски нема можност за дискусија, со што се оградувам од сите можни квалитативни и квантитативни импликации од таа средба.

Исто така се оградувам од процесот на селекција на „преговарачи“ којшто ја прекршува основната цел на постоењето на Пленумот, односно, делегирање на членовите на Студентскиот Пленум од страна на ректорот Велимир Стојковски, којшто добил дојава, односно команда од Владата да контактира двајца Пленумци и да ги договори на итен состанок во Владата. Според тоа студентите не решија меѓу себе дали имаат волја да преговараат во вакви услови со премиерот, а беа повикани од страна на Ректорот на којшто му беше наредено од Премиерот, во исто време и дали сакаат „селектираните“ студенти да ги претставуваат во „преговорите“. Според тоа, Студентите (и јас лично како студент) испаднаа изиграни против нивна волја. Без целосно укинување на законот за високо образование НЕМА(!) преговори!

Лично сметам дека веќе сме презаситени од вакви игри на владата, со што не веруваме и не сметаме на ниту една нивна добра намера.

Јас, како студент, а верувам и останатите студенти ќе продолжат да ги бијат битките коишто им ги наметнува оваа влада, а битките се многу по број, со што јавно искажувам дека мене (лично) Груевски ми е непријател по сите основи, исто како што и министерот Адеми, исто како што и владиниот интелектуален полтрон и апологет Каракамишева.“

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ