Делови од Крстот на кој бил распнат Исус има и во Македонија

Од:

Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.

Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец, prenese Mknews.

Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два од разбојниците кои биле распнати заедно со него, тие ги поставиле на патот по кој требало да помине една погребна поворка. При пренесување на мртвиот, кога го донеле пред исусовот крст тој оживеал и тоа било доказ кој од трите крста му припаѓал на Исус Христос.

Кралицата Елена го однела крстот во својата престолнина од каде патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликти кои треба да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските цркви и вера.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска