Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

Од:

Со мирен протестен марш низ градските улици, поголема група делчевски пензионери синоќа ја изразија солидарноста со пензионерите од останатите македонски градови, барајќи линеарно покачување на пензиите од 3500 денари. Меѓу останатите нивни барања нивниот претставник Васил Маневски го напомена и донесувањето на закон за минимална пензија од 20.000 денари.

-Ние се собравме да ја изразиме солидарноста со пензионерите од цела Македонија, без разлика на поединечните верски, партиски, политички и не знам какви други убедувања. Ние сме тука еднакви и имаме исти барања, а бараме и поддршка од раководството на нашиот огранок, на нашето здружение, за да се приклучат кон нашите барања, бидејки тие се од нас изберени и треба да ги застапуваат нашите интереси, рече Маневски.

Пензионерите како дел од барањата во заклучокот го посочија и предлогот за пензионерите над 75 години да се обезбеди бесплатен третман во болниците и обезбедување бесплатни лекарства во аптеките.

– Нашиот одбор и тоа барање ќе го вклопи за централниот протест на кој ги повикуваме сите пензионери со своето присуство да дадат значаен придонес во остварувањето на нашите цели. Исто така, бараме раководството да ни обезбеди превоз исто како што обезбедува превоз за други активности на здружението, додаде Маневски.

Мирниот протест на пензионерите кои носеа транспаренти со пораки за нивните барања започна од пензионерскиот дом, продолжи по улиците во старата чаршија, а беа поздравени од дел од граѓаните кои се затекнаа на улиците за време на протестот.

Би можело да ве интересира

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Се поместува возраста за пензионирање во Србија

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали сум во право или грешам за одлуката на Уставен за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Неуставно 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите