Дел од Кисела Вода девет часа без струја, од ЕВН на граѓаните им рекле дека „има приоритети“

Од:

Жителите на улицата Христо Татарчев 1 во скопска Кисела Вода веќе девет часа се оставени без електрична енергија, без подетални информации зошто нема струја. Дел од луѓето кои живеат во овој дел на Кисела Вода за А1он велат дека цело време се обидуваат да го контактираат ЕВН, од каде ги информирале дека екипите ќе излезат на терен, но дека имало „приоритетни места“.

„Се јавив во контакт центарот на ЕВН. Како дефекти во Скопје има наведено еден или два, но нашиот реон го нема, како да немаме пријавено воопшто. Не можеме да вклучиме греење, не можеме да направиме буквално ништо, за операторот од ЕВН да ни каже дека имало приоритети, па затоа немаме електрична енергија. Се работи за девет часа без струја“, вели жителка за А1он.

Портпаролката Вјоса Селими пак, појаснува дека дефекти има низ цело Скопје, а екипите се на терен.

„Поради силниот ветер во Скопје настанале повеќе дефекти. Екипите се цело време на терен, работат и ги отстрануваат истите. Повеќе екипи работат истовремено на различни локации за да може што побрзо за сите да се стабилизира снабдувањето со електрична енергија“, вели Селими за А1он.

Ставот на операторите дека има „приоритет“ пак, смета дека бил кажан махинално, но уверува дека и на овој реон се работи за отстранување на дефектот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

Акцијата во Скопје е за неовластено тргување со културно наследство, се претресуваат фирми, се апсат и осомничени

ФОТО: Сообраќајка кај Соборна, сообраќајот во грч

А1он

ЕВН: Од синоќа санираме дефекти кои ги предизвика снегот, во некои делови има лоши теренски услови

Александар Тодески

За убиецот од Хром уште нема притвор, Кривичен чека МВР да го однесе пред судија

Александар Тодески

Десетгодишно дете удрено од камион во Батинци

Наум Локоски