Дејан Арсовски од Драчево го фати крстот во Скопје

Од:

Триесет и петгодишниот  Дејан Арсовски од Драчево успеа меѓу 173 учесници да го фати крстот во Вардар, што напладне од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли архиепископот г.г. Стефан. Тој првпат учествува на манифестацијата и изјави дека денеска му е најголем ден во животот.

– Денеска скокам заради синот Војдан, кому му е именден и има една година и два месеца. Се надевам дека ќе ме послужи среќа, здравје и успех во работата, рече Арсовски, кој работи во берберски салон „Малеш“.

Му честитаа г.г. Стефан, премиерот Никола Груевски, градоначалникот Коце Трајановски и беше даруван со награди – ваучери за апарати за домаќинство, златник и осветена икона.

Годинава имаше триесетина учесници повеќе од лани, меѓу кои и верници постари од 60 години, како и малолетници од кои најмлад 15-годишниот Филип Лазаревски.

Церемонијата почна со богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, а потоа поглаварот на МПЦ со свештенослужителите дојде на мостот на Варадар и ги освети водите на реката.

Кум на годинашното чествување на Водици беше Мите Јовановски, а организатор  весникот „Нова Македонија‘‘.

Богојавление – Водици е христијански празник кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска