Деца снимале како тепаат соученик, а снимките ги споделувале на социјалните мрежи

Од:

Деца од скопска Кисела Вода снимале како тепаат соученик, а снимките ги споделувале на социјалните мрежи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 31.03.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати, на игралиштето во дворот на училиштето, бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето. Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и помеѓу другите ученици.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември на најобезбедуваната локација кај хотелот Александар Палас

Предраг Петровиќ

Расчистен се случајот со киднапирањето во Карбинци, нема кривично дело соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Македонската полиција експресно пронајде криминалец баран меѓународна потерница, според германската БКА – ова е сјаен пример за успешна меѓународна полициска соработка

Обвинителството не бара притвор за адвокатот на Палевски, но ги продолжува проверките дали бил инволвиран

Александар Тодески

Шаќири: Учениците наскоро ќе го добијат учебникот по Историја и општество

Орце Костов

Ковачевски за Мицкоски: Прикривање на докази е кривично дело, ако ги има, треба да ги достави до МВР или ОЈО