Деца од Крижевци на зимување на Пониква

Од:

Општина Кочани ја продолжува соработката со збратимената општина Крижевци во Република Хрватска што е воспоставена во делот на образованието, во рамките на која и зимава најдобрите ученици од основните учуилишта од оваа општина ќе престојуваат на зимски одмор на Пониква на Осоговските планини.

– Соработката веќе трета година ја продолжуваме и понатаму, при што на летување и зимување заминуваат најдобрите ученици кои се првенци на генерацијата од двете збратимени општини. Учениците првенци на генерацијата од нашата општина во летниот период летуваат во детското одморалиште на островот Паг на сметка на градот Крижевци, додека oпштина Кочани во зимскиот период организира зимување во спортско рекреативниот центар Пониква за учениците првенци од Крижевци, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош