Дебрани се простија од фудбалската легенда Берти Каба, кој не успеа да го победи опасниот вирус

Од:

Дебрани со неверување и голема тага ја примија веста за смртта на Алберт Каба,кого сите повеќе милуваa да го викаат Берти, еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалскиот клуб Кораби.

Веста ја објави клубот наведувајќи дека Берти не успеал да ја добие битката со опасниот коронаврус.

Со длабока болка и тага соопштуваме дека почина поранешниот фудбалер на ФК Кораби, Алберт Каба-Берти, губејќи ја битката со смртоносниот вирус. Повеќе години беше дел од нашиот тим, но засекогаш ќе остане во сеќавање како икона на дебарскиот фудбал. Длабоко и искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите, наведува клубот.
Алберт Каба(44), во Дебар сите го знаеја како голем фудбалер, човек со ведар дух, посветен син, добар сопруг, грижлив родител, но и како голем човек кој секогаш знаел да му помогне секому на кого било потребно.

Алберт до пред десет години го носеше дресот на својот омилен тим, важеше за голем голгетер, еден најдобрите стрелци во историјата на клубот.

Тој е погребан на градските муслимански гробишта во Дебар.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат