Дебрани протестираа против поскапување на струјата

Од:

Во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“, подржани и од други граѓански организации, доцна попладнево во Дебар беше одржан протест против поскапувањето на струјата.

Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.

Пред насобраните, претсавникот на организаторот, Адрит Фетаху, прочита четири барања, меѓу кои и барањето да се поништи одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на цената на електрината енергија.

– Бараме да се поништи монополот на услугите на ЕВН и да се подобри нивното некоректно однесување кон потрошувачите и секако да се распушти Регулаторната комисија, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите на штета на многу тешката економска ситуација на граѓаните, рече Фетаху.

Четвртото барање беше да се формра независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Граѓаните се категорични во барањето да се поништи одлуката за поскапување на струјата, посебно сега „кога дебрани а и жителите од другите краеви на земјата се погодени од паднемијата со Ковид-19“.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти во Грција бараат бесплатно образование и повисоки плати

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Маѓар за насилството во Франција: Затоа Унгарија не попушта по прашањето за миграцијата

Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата