Дебелите може и ќе ослабнат, ама глупавите нема никогаш да се опаметат

Од:

Она камиони се или??? Не, авиони се само без крила.

Жална Македонија, се доживеа се преживеа и ќе опстане доколку ние како свесни луѓе самите се сплотиме и решиме дека доста трпевме сето ова што ни се случуваше во овие 10 години. Најтажно е губењето на човечките животи кои се најдрагоценото нешто од секогаш, а и сега кога на нашата татковина и се случува невиден егзодус, Македонецот бега, бега што подалеку од родната грутка.

Дали требаше сето ова да ни се случи токму нас и во најтешките моменти за нашата држава, која е презадолжена, опустошена, корумпирана и целиот државен апарат е ставен во служба на една криминална банда? Кому треба ние интелектуалците да се обратиме и да примат некој совет за тоа како треба нешто да функционира? Цела детска градинка е собрана да ја управува државата, а последиците од таа детска градинка ги гледаме секој ден се повеќе и повеќе, го допревме дното. Не поделија на ваши и наши. Ни се случи поплава ама не од река туку од еден дожд, кој го дозволи сето тоа? Во модерните држави при ваква случка паѓаат влади, а не само градоначалници по модерен назив сега крадоначалници. Помошта што се дели на народот кој што е погоден од оваа несреќа се дели од партиски штабови на ДРПМНЕ, небаре партијата дала пари за помошта, а не државата и еден огромен број добротвори и соседни држави прашувам со кое право се прави сето тоа?

Сите државни апарати зарибаа во самиот старт, како е тоа можно? Бројката на мртвите сеуште се утврдува? Се снимаат и прават реалити шоуа за народот да каже- видете се грижат за нас, а пред камерите се изнасмејаа на сета таа несреќа и токлава голема бројка на мртви, народот веќе не е слеп ви ги дозна вистинските лица и за тоа треба да одговарате. Народот сам се организира и излезе масовно да помогне на настраданите, многу професионалци доброволно отидоа да помогнат на секаков можен начин ама не се сликаа, снимаа и глумеа како вас. Го гледав Ким Јонг Ун некоја обиколка правеше на фабрика, дечкото како врховен Маршал и претседател е всушност еден од најголемите диктатори на светот, роден во 1983 и цела таа рашомонијада што ја гледав ме потсети на некој.

Леле, па викам, ние секој ден истиов начин на понизност и диктаторство го гледаме овде, психолошката анализа кажува дека се исти и дека оваа е секојдневие кај нас од страна на Николче. Се наежив целиот, па таа слика како се смеат во најтешките моменти јас доживотно нема да ја заборавам. Кој може секоја чест. Дури и Тодороф си заличува веќе тотално на имењакот ау страшно таман и да го прашам со тендерот за инсулините до каде е да не има некој проблем или? Нешто законски да не не му е јасно со оглед е експерт, нешто злоупотреба на службена дожност, нешто некоја фирма да не му штима? Ќе одговори здравје Боже.

Ама се чудам како им успеа 10 години без грам мозок да не тераат и стрижат како овци? Еве има и нови бурлески, нивните крадоначалници организираат и фестивали сега, на пример во Македонска Каменица Цеца ќе пее ,Николче почесен гостин, а фамилиите завиени во црно ќе добијат помош некогаш? Или Николче ќе им ги дрпне и тие пари и ке се појави како Месија и ќе донира лично? Седницата парламентарна беше пак брутално демонстрирање на сила од страна на ДРПМНЕ, демек 100% обештетување ама од кога? Една моја колешка го кажа следново-ајде што сме сведоци дека се оди со и по наредба на диктаторчињава што не водат, диктаторска детска градинка, туку треба ние интелектуалците да го напишеме сето доживеано овие години и да го наречеме КАКО СЕ РАСПАЃАШЕ ЧЕЛИКОТ.

Почна кулата од карти да се распаѓа и редно е да се случи тој крах да го врати нашиот хипнотизиран народ во реалноста, бидејќи диктаторчињава полнејќи им ги џебовите на одредени медиуми направија масовна хипноза која не доведе до ова дереџе но времето на будење е тука. Дебелките може и ќе ослабат ама глупиве диктатори никогаш нема да се опаметат, одамна избегаа на другата страна од паметта. Барокот, тркалата, статуите, триумфалните капии, коњаниците, лажните богови ги заслепија дефинитивно ама и ги ослепија, од пари кои ги земаа од сопствениот народ. Соберете се и помирете се дека ќе одговарате и тоа наскоро или ќе пробате и да бегате ама ќе нема каде нели?

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска