Дебата: „Закон за млади – Зошто е потребен законот за млади?„

Од:

Стапката на невработеност кај младите е 48 отсто и тие тука не ја гледаат својата иднина, односно 60 отсто од нив изјавиле дека би се иселиле од државата, рече Блажен Малески, претседател на НМСМ на денешната јавна дискусија на тема: „Закон за млади – Зошто е потребен законот за млади?“.

-Деведесет и седум отсто од младите никогаш не биле вклучени во било каква консултација или донесена одлука на локално ниво. Тоа значи дека како држава немаме систем да ги прашаме младите што мислат за оние политики што се носат за нив, нагласи Малески.

Малески рече дека во 2011 година тогашната законска регулатива предвидуваше различни работи од оние што денеска се обидуваат да ги направат и дека од Комисијата за образование било кажано дека тогашниот предлог-текст не бил недоволен и бил вратен за доработка, но за жал, како што рече, не се случила доработката на текстот.

-Младинските организации заедно со сојузите, политичките подмладоци одлучија да направат важен чекор за повторно да формираат Национален младински совет на Македонија со различна форма и различни идеи и цели. Организациите кои го формираа Националниот совет во 2013 година имаа за цел да формираат тело кое ќе ги претставува младите во однос на различните политики, рече Малески.

Куштрим Ала, претседател на Форум на млади на ДУИ, рече дека процесот на изработка на законот за млади бил процес што рефлектирал инклузивност, но и соработка меѓу сите политички подмладоци во самата работна група.

-Целиот закон се стреми кон зајакнување на позицијата на младите во нашата држава следејќи ги успешните примери на европските држави. Но, од друга страна, настојувавме да создадеме уникатен закон на млади што ќе ги има во предвид сите општествени околности во нашата држава и со тоа да се изнајде решение за младите конечно да можат да се пробијат во процесот на одлучување, односно да се слуша нивниот глас, нагласи Ала.

Ала рече дека се стремат кон тоа на младите да им се даде повеќе пристап да одлучуват за политиките за младите, потикнување на нивниот политички и социјален активизам, со тоа што од тој процес ќе произлезат суштинските барања и од друга страна и потребите на младите за подобрување на оваа ситуација.

Дарко Каевски, претседател на СДММ рече дека Националната стратегија за млади ќе биде впишана во Законот за млади, каде ќе зема соодветно место се со цел колку што е можно повеќе да ги сервисира потребите на младите и секако да го подигне младинскиот стандард.

-Тука е и Ко-менаџментот, телото што за прв пат ќе се формира, телото што ќе биде инволвирано во процесот на креирање и донесување одлуки, одлуки што ќе бидат директно наменети за младите луѓе. Редно време е да имаме тело што ќе произлегува од младите луѓе и што ќе ги сервисира потребите на сите млади ширум цела држава. Добро е што во овој закон ќе биде препишана и младинската работа, која ќе има за цел да ја препознае како работа затоа што тоа на неколку невладини организации изминатиов период им беше сериозна заложба каде заеднички со Владата на Р. Македонија се гледаше како да се признае младинската работа. Локалните младински совети ќе треба да ги сервисираат потребите на младите. Сега конкретно се соочуваме со локални младински совети кои не ги застапуваа вистинските интереси на младите. Со ова дополнително уредување, со стандардизирање на локалните младински совети, ќе добиеме дополнитен импут на младите на локално ниво, нагласи Каевски.

Каевски изјави дека политичките подмладоци за првпат ќе бидат утврдени со овој закон, што значи дополнителна валоризација на трудот на младите во политичките подмладоци

Каевски нагласи дека се свесни дека младинската невработеност е во голем процент и дека во изминатите 10 години од земјава се отселиле преку 600 илјади луѓе, од кои најголемиот дел се млади.

-Ова значи дека ние како млади ќе треба сериозно да истапиме и да потврдиме со сериозни мерки кои ќе бидат во интерес на младите, се со цел колку што е можно повеќе да ги задржиме младите во земјата. Секако, да им понудиме соодветни услови, пред се за изнаоѓање на работно место, рече Каевски.

Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМЕ рече дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ имаат став дека треба да се донесе законско сеопфатно решение кое ќе ги опфаќа младите луѓе во државата, кој ќе ги регулира нивните права и можности.

-Како политички подмладок се залагаме за инклузивен и широко консултативен процес во кој сите млади имаат свој став по ова прашање и да го искажат своето видување, изјави Јаулески.

Јаулески нагласи дека во делот на слободни постулати континуирано се залагаат за: регулирање на возрасната граница на млад човек, регулирање на националните младински организации според принципот на репрезентативност на млади и младински работници, спроведување на активности за учествување на младите, принцип на зајакнување на учеството на младите во јавниот живот и нивно информирање на сите нивоа, принцип на солидарност и етика во младинското работење и работа со млади….

-Во Европската Унија ограничувањето е на 29 години, а во нашата држава на нашите политички подмладоци е различно и дека е добро да имаме унифициран пристап границата на млади да биде како и во Европската Унија, нагласи Јаулески.

Јавната дебата е организирана од Платформата за мултикултуризам, а поддршана од Прогрес – Институтот за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска.

Платформата за мултикултуризам на Прогрес – Институтот е формирана во 2014 година со претставници од граѓански организации, подмладоци на политичките партии.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска