Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира дебата на тема „Унапредување на остварувањето на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението“.
Најавени се обраќања на министрите за образование и наука и за култура, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски, на заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, в.д. директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман, неговиот в.д. заменик Џелал Хоџиќ, како и вршителот на должност шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Гонзало де Чесаре.
Дебатата е организирана во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, а има за цел да поттикне конструктивен дијалог за подобрување на остварувањето на правата на заедниците во областа на образованието, културата, медиумите и правичната застапеност.