Дебата за правната регулатива и солвентноста на компаниите

Од:

Судиите од одделите за трговски спорови и стечај, претставници на стопанските комори, од Нотарската комора на РМ, од Комората на извршители на РМ и од Адвокатската комора на РМ, денеска ќе учествуваат на тркалезната маса „Влијанието на правната регулатива врз солвентноста на компаниите“.

Пред присутните ќе се обратат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска и  Горан Лазаревски од Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСКП).

Според агендата, на тркалезната маса предвидени се три панели на кои ќе се дискутира за Законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, за Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација, за Законот за задолжница и за  Законот за финансиска дисциплина.

Собирот е организиран од Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Проектот на УСАИД за јакнење на судството.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски