Дебата за Европа – дијалог на граѓанскиот сектор, културата и политиката

Од:

Германската академија за јазик и литература, Фондацијата „С. Фишер“ и Фондацијата за култура „Алијанс“ од денеска до сабота организира „Дебата за Европа“. Партнер во организацијата на настанот од Македонија е Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социокултурен активизам и современи уметнички практики, со поддршка на „Традуки“.

Учесници на дебатата се европски и македонски интелектуалци и писатели. Ќе се одвива во групи за внатрешни дискусии и во јавни форуми со активно учество на публиката. Настаните ќе се одржуваат во Музејот на современа уметност и Даут-пашин амам. Дебата ќе биде отворена вечер во 18 часот, утре и задутре ќе продолжи со тематски панели, а ќе биде заокружена со книжевни настани.

– Ќе се расправа, меѓу другото, за Шарената револуција: само брендирање или почеток на еволутивен процес? Како да се обликува заедничка иднина на културен диверзитет (мултикултурализмот како шанса), а истовремено да се зачува наследството на традиционалните религиозни и културни идентитети? Можностите за соработка во регионот и изгледите за интегрирање во Европската Унија, соопшти Контрапункт.

Германската академија за јазик и литература, фондацијата С. Фишер и фондацијата за култура „Алијанс“ од 2012 организираат меѓународни форуми на европски теми. Интелектуалци од земјите на германското говорно подрачје, како и од Јужна, Централна и Источна Европа се состануваат со претставници на граѓанското општество, културата и политиката од земјата домаќин за да остварат отворен и заемно корисен дијалог.

Дебати за Европа досега се одржани во Будимпешта, Букурешт, Белград, Атина, Нарва, Санкт Петербург, Минск, Харков и неодамна во Сараево.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски