Македонија мора да го намали јазот во постоењето и користењето на брзите и супер брзи бродбенд електронски комуникациски мрежи што го има меѓу урбаните и руралните делови, но исто така и да се приближи до процентите кои се карактеристични зае земјите од ЕУ.
За таа цел ќе се изработува Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи, кој ќе се темели на реално истражување и мапирање на теренот за покриност, мерки за развој на мрежите, но и мерки за воведување повеќе е-услуги, како и поттикнување на граѓаните да ги користат.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој се обрати на јавна дискусија за ова прашање, истакна дека само со паралелен развој на бродбенд мрежи, воведување дигитални услуги и содржани за граѓаните, како и зголемување на побарувањето за тие услуги ќе може да се дојде, прво до кавалитетна стратегија, но, како што рече, што е многу поважно до имплементација.
– Ппоставувањето на бродбенд мрежа е комплексна и многу скапа работа. Во таа насока операторите главно се фокусираат на поставување брзи и супербрзи мрежи во области каде има економска исплатливост, а тоа најчесто се урбаните средини. Затоа една од главните причини за дебата е да се отвори меѓусебна координација на операторите, приватниот сектор и државата за да се поплнат дупките во белите зони, каде има малку населениие, рече Манчевски.
Зголемувањето на јазот меѓу урбаната и руралниот дел од државата, според него, станува реална закана за развојот на земјата, и ставање на населението од руралните средини во нерамноправна средина, особено што, како што рече, владата планира да го зголеми опсегот и бројот на е-услуги што им ги нуди на граѓаните.
Министерот рече дека на ваков начин ќе се намалува и јазот Македонија и земјите од ЕУ.
Според последите податоци од 2017 година, рече, 76 проценти од домаќинтвата имаат покриеност со брзи бродбренд пристапни мрежи од 30 мегабити, 27 проценти имаат претплатнички договор за брз бродбенд, а 11 проценти за пристап до супербрз бродбенд. За разлика од тоа, информира, во Македонија само 30,28 проценти имаат покриеност со средна генерација на пристапни мрежи, 11,63 имаат договор за брз бродбенд, а само 0,55 имаат пристап до супербрз бродбенд.
Рече дека ЕУ има поставено и повисоки цели во оваа сфера кои треба да ги реазлизира, а Македонија која е земја кандидат треба да ги следи насоките. Владата, рече, работи на забрзување на нашата интеграција во ЕУ, па затоа ќе мора и ние да почнеме да се прилагодуваме овие кон тие таргети бидејќи, се надевам, многу брзо, тоа ќе стане наша реална обврска.
За планот да се изработи, рече, потребен е детален увид на состојбата на терен, да се мапира и анализира целата територија и да се дефинираат областите т.н. бели зони каде не постојат брзи и супербрзи мрежи или операториите немаат планови за да инвестираат таму. Добиената мапа ќе биде основа за јавната расправа која ќе се води за планот, а информациите пак кои ќе произлезат од неа негов дел. За да се подготви, изработи и имплементира ваков план, рече, потребни се најмалку од 5 до 10 гидини.
Претствниците на операторите, кои учествуваа на дискусијата, посочија дека иницијативата е добра и оти реално е потребно ширање на овие бродбренд мрежи, но дека е потребно да се види во кои зони постои економска исплатливост. Најавија дека се расположени да дадат и свои мислења, но и дека на располагање можат да го стават и својот технички и човечки потенцијал.
Побараа и да се земат предвид искуства од другите земји, за да не се повторуваат грешки, но и да се види дали постои можност да се обезбеди пристап до фондови кои можат да помогнат во развојот на овие мрежи. Сметаат и дека треба населението да се стимулира за да ги користи мрежите, оти, посочија безполезно е да ги има а никој да не ги користи.