Дебата: Неопходен интегриран пристап за почист воздух

Од:

Борбата со загадувањето е борба која треба да ја водиме сите. Не може да ја реши само Владата или бизнис заедницата. Ни треба интегрирана акција во која ќе ги вклучиме здруженијата на граѓани, компаниите, институциите и да иницираме секој поединец да даде придонес во борбата со загадувањето.

Ова денеска го изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, пред почетокот на јавната дебата на тема „Не оставај на друг, дојди за чист воздух“. Дебатата е завршница на Светската недела на вселената и е поддржана од програмата „NASA Datanauts“, во рамките на Open NASA.

Макрадули потенцира дека ќе ја поддржат секоја иницијатива која се однесува за заштита на животната средина.

– Спремни сме како Влада да се фатиме во костец со овој сериозен проблем. Знаеме дека тоа не се решава преку ноќ, но ќе ги поставиме сите оние мерки кои треба да се постават, пред се среднорочни и долгорочни за да можеме по некоја година да зборуваме за почиста животна средина, рече Макрадули.

Марина Таневска, еден од организаторите на Светската недела на вселената, информира дека се работи за настан кој се случува во целиот свет, во повеќе од 86 држави со цел да се одбележат сите претходни истражувања кои се направени, но и да се едуцираат секакви групи на возрасти за вселената.

– Светската недела на вселената ја одбележуваме од 4 до 10 октомври. Оваа година одлучивме да направиме јавна дебата за тема која сите нас не засега, особено во зимскиот период-загаденоста на воздухот. Сакаме да се осврнеме на тоа како може различни сектори, невладини организации, поединции и институциите од државата да соработуваат за да се реши овој проблем, рече Таневска.

Ели Пешева, член на 02 Коалицијата за чист воздух смета дека темата е важна во овој период бидејќи сме на прагот на зимата, кога почнува грејната сезона и се интензивира сообраќајот.

– Ние се уште немаме итни мерки кои може да се стартуваат. Овој период е исто така важен зашто сме сред локални избори. Програмите, мерките, заштитата на животот и здравјето мора да биде ставена во програмата и да биде на дневен распоред на секој кој ќе влезе во канцелариите на општините, рече Пешева.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС