Дебата: Македонија доби уште еден глас повеќе со влегувањето на Хрватска во ЕУ

Од:

Со членството на Хрватска во ЕУ се потврди дека процесот на проширување продолжува, а воедно Македонија доби уште еден глас плус во Брисел. Ова беше истакнато на денешната дебата „Пристапувањето на Хрватска во ЕУ – перспективите на македонско-хрватските односи“, што беше организирана од Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при македонското МНР.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во воведното излагање истакна дека добивме голем сојузник, земја која го изодела истиот пат, имала слични предизвици и конечно стигнала до целта.

– За земјите од регионот значаен факт е што добивме еден глас плус. Во ЕУ ќе има една  земја повеќе од регионов која ги разбира предизвиците тука, знае низ што минуваме бидејќи и самата минала по сличен пат. Тоа за Македонија може да биде само плус, рече Попоски.

Хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Крамариќ е согласен дека Македонија доби пријател во Хрватска кој ќе направи се што е во негова моќ да и помогне на патот кон ЕУ.

– Сметаме дека мирот и стабилноста во регионот се важни за Хрватска и за ЕУ. Имаме одлични односи, подготвени сме да ги поделиме сите искуства со Македонија, рече Крамариќ.

Според хрватскиот помошник-министер за европски прашања Хрвое Марушиќ, ставот на Хрватска во однос на разликите околу името останува непроменет.

– Сметаме дека билатералните прашања мора да останат билатерални и не смеат да се вклучуваат во процесот на пристапување, потенцира Марушиќ.

Евроамбасадорот Аиво Орав рече дека и покрај евроскептицизмот со пристапувањето на Хрватска во ЕУ како 28. земја-членка, се покажа дека процесот на проширување продолжува.

– ЕУ нема да биде комплетна се додека сите земји од регионот не санат членки, рече амбасадорот Орав.

Дебатата на која присуствуваа претставници на повеќе владини институции, од невладиниот сектор, дипломатскиот кор во земјава продолжува со излагање на помошник-министерот Марушиќ со презентација на хрватското искуство од процесот на пристапување во ЕУ.

Ова е трета дебата во организацијана Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ