Дебата: Комплетна реконструкција во редовите на МВР – прва обврска на следната Влада

Од:

Полицијата во Македонија е оневозможена самостојно и автономно да работи, се врши терор и заплашување, а принципот на забрана за полицијата во политичката битка е клучниот принцип по кој треба да се води идната власт.

Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат полициските безбедносни сили во земјава, а за кои во антивладиниот камп пред Влада зборуваа професорката и потпретседателка на СДСМ – Фросина Ременски, Дивна Змејковска, активистка за работнички права (Конференција на независни синдикати на РМ) и Гоце Делчев, претседател на независен синдикат на полицијата.

Дискусијата се одвиваше со наслов „ Правата на полицајците – гаранција за нашата безбедност“ а на почетокот, претседателот на независниот синдикат на полицијата – Гоце Делчев истакна неколку од проблемите со кои се соочуваат овие работници.

-Пострашнод она што денеска ни се случува во полицијата и армијата нема. Пред да дојдам тука многумина ме молеа да пренесам се повеќе за немањето чизми, опрема, возила, немање на основни средства за работа за вас да ве одбраниме. Не смеам да лажам и да се кријам зад пишани документи како тоа што го правеше екс министерката Јанулоска, како тоа што го прави уште неколку месеци човекот кој со месеци не лаже и манипулира, и се она што го направија во редовите на МВР е предмет кој наредната Влада ќе има сериозна обврска за комплетна реконструкија со многу нешта.

Не верувам дека кој било од вработените би седнал тука и би зборувал за тоа во каква состојба е полицијата иако и во редовите на МВР веќе ни е јасно дека работата е завршена, вели Делчев.

Според Дивна Змејковска, активистка за работнички права (Конференција на независни синдикати на РМ) полициските работници се под постојан терор.
-Се врши заплашување и терор врз полициските работници. Според Законот за работни односи има право на синдикална организираност, меѓутоа кај нас не смее, а нема кој да каже зошто не се регистрира тоа. Ние немаме социјален дијалог, ние имаме монолог. Не можеме да ги регистрираме синдикатите, а не знаеме зошто, вели Змејковска.

Потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски напомена дека не треба да паднат жртви од редовите на полицијата за да се покаже поддршката за безбедносните сили, туку напротив таа треба да биде континуирана задача на сите власти.

– Од независниот полициски синдикат сигурно нема да врачат плакета за благодарност на работодавачот, бидејќи природно е Синдикатот секогаш да му пркоси на работадавачот и да ги бара правата на работниците, наспроти да промовира владини политики за 2017 година во кои ќе се најави покачување на плата од 20 отсто. Тоа се случува во македонскиот полициски синдикат, наспроти се она што треба да биде заложба за реалните права на полициските службеници од кои зависи нашата безбедност.

Онаа клучна компонента за која ние се залагаме е тие полицајци професионално да си ја вршат својата должност, притоа не стравувајќи дека заради своето професионално постапување ќе бидат несоодветно третирани од страна на врвот на МВР како што се случува.

Ние ги разбираме овие проблеми на полициските службеници и се солидализираме со нивната грижа и напор, барем да ги остават недопрени своите професионални вредности кои ќе бидат клучни за возобновување на оној систем кој нас ни е потребен, систем во кој секој ќе одговара за злоделата, а секој ќе биде награден за она што ќе го сработи, а ќе биде по закон.

Мора да се обезбеди принципот на самостојност во работата на полицијата. И покрај тоа што полицијата е дел од извршната власт, тоа не значи дека полицијата не треба да застане на патот на власт која е длабоко навлезена во криминал. Таа самостојност мора да и биде гарантирана на полицијата. Немешање во самостојноста на водењето на нејзините работи и активности.

Ако гледаме тоа што денеска ни се случува да не ни е чудо зошто вака огромен криминал и поминал пред нос на полицијата, затоа што секој кој се обидел да напише службена белешка, да поднесе кривична пријава против вака високо рангирани функционери во власта, верувајте завршил некаде далеку и од своето семејство и од своите колеги кој што до вчера ги имал во своето опкружување. Со мобинг, со притисоци, со се она што значи закана за работното место.

Принципот на забрана за полицијата во политичката битка е клучниот принцип на кој се залагаме и на крајот -департизација на полицијата!, рече Ременски.
Со вчерашната дискусија заврши програмата и за 36 ден откако е поставен Кампот на слободата во кој секоја вечер се организираат дебати и дискусии за одредени сектори во државата.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски