Дебата „Бегалците на патот од опасност и несигурност кон неизвесност: Како да се обезбеди хуман и праведен третман?“

Од:

На 16 септември (среда), со почеток во 18 часот, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, ќе се одржи дебата на тема „Бегалците на патот од опасност и несигурност кон неизвесност: Kако да се обезбеди хуман и праведен третман?“ во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Дебатата посветена на бегалската криза во регионот има за цел да ја актуелизира ургентната потреба од соодветен хуман и праведен третман на луѓето кои во потрага по сигурност за сопствениот и животот на своите семејства макотрпно се движат кон европските земји. Панелот од експерти и практичари ќе се осврне на значајните аспекти на меѓународните стандарди за заштита на правата на бегалците, бројните примери на несоодветен третман и добрите практики во државите на рутата кон Европа. Дополнително, ќе се отворат прашања за потребата од приоретизирање на мерките и активностите за заштита на животот и обезбедување хуман и првичен одговор на потребите на бегалците и мигрантите.

11982561_10207779578262636_750408036_o

Говорници на дебатата ќе бидат Мерсиха Смаиловиќ од Легис – Скопје, Василис Царцанис, експерт од Идомени, Андраш Алфолди од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Унгарија, Алисон Смит од Нема мир без правда од Брисел, проф. Трпе Стојановски, експерт за миграции, Николина Милиќ од Белградскиот центар за човекови права и Ива Исаков од Хуманитарниот центар за интеграција и толеранција од Нови Сад. Модератор на настанот ќе биде Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права на РМ.

Би можело да ве интересира

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски

Болсонаро навреди новинарка за време на дебата: Заспиваш размислувајќи за мене

А1он