ДЕА ја поддржува борбата со нарко трговијата во С. Македонија

Од:

Продолжуваме со поддршката за Северна Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се се занимаваат со тргување со дрога, изјавија синоќа за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА).

ДЕА потрвди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.

Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот„Ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „Дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он