Борче Давитковски, претседателот на Комисија која требаше да ги истражи настаните од црниот 24. декември, на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, наместо Извештај и заклучоци ќе му поднесе оставка.
Членовите на експертската Комисијата не успеаја да ги усогласат заклучоците и препораките предложени од Давитковски.
Според членовите од ВМРО-ДПМНЕ, некои од заклучоците биле преостри, а за СДСМ – преслаби.
Партиски извори за А1он велат дека проблематично било исфрлувањето на пратениците и новинарите од Собранието и формулациите за овој инцидент.
Давитковски подготвил 11 препораки и три заклучоци за случувањата поврзани со инцидентите во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година, со кои одговорноста е поделена. Тоа, всушност, беше и главниот мандат што го доби Комисијата, со договорот што го постигнаа на 1. март ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во присуство на еврокомесарот Штефан Филе и европратеникот Ричард Ховит.
Власта е одговорна за исфрлањето на пратенциите и новинарите, а ј опозицијата за блокирањето на работата на Законодавниот дом.